Видал донесе победа на Барселона

Само еден гол беше доволен за Барселона да ги освоите трите бода на гостувањето против Валјадолид (0-1) и да ги задржи минималните шанси во трката за титулата со Реал Мадрид.

Каталонците одиграа потпросечен натпревар, но за среќа рано го отворија резултатот со погодокот што го постигна Видал на асистенција на Лионел Меси. Веднаш потоа во идеална ситуација се најде Гризман, но се посрамоти, и тоа беше се што Барса успеа да го покаже на овој натпревар.

Сетиен во второто полувреме направи бројни измени, но Валјадолид беше тимот што доминираше, а само благодарение на одличниот Тер Штеген каталонскиот гигант ги освои планираните три бода на ова гостување.

Се вчитува...