ВИДЕО: Барди го „нокаутираше“ домашниот голман, но Бугарите водат со голот на Десподов

ЕКИПА во Разград

По 20 минути игра на „Хувефарма арена“ во Разград, македонската репрезентација има повеќе од играта во континуитет офанзивно дејствувајќи по голот на домашните, но Бугарија има предност од 1-0 со голот на Десподов по единствена акција кон голот на Македонија.

Чурлинов имаше две убави можности во почетниот дел од мечот, но веќе во 13. минута одлична акција на домашните. Двојно проигрување меѓу Десподов и Илиев, крилниот офанзивец Десподов продре пред голот на Димитриевски и со лоб го совлада за 1-0.

Во 21. минута капитенот Енис Барди ја имаше најголемата шанса на мечот. Сам продре буквално на 7-8 метри пред голот на Бугарите, шутираше силно но домашниот голман среќно со глава спречи израмнување.

Се вчитува...