ВИДЕО: Беласица и подари гол за водство на Шкендија, и потоа „потоп“…

Фудбалерите на Беласица одлично се држеа против големиот фаворит Шкендија се до 55. минута на натпреварот од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига кога им подарија погодок на тетовци кој значеше потоа и пораз.

Катастрофална грешка на домашните дефанзивци во 55. минута кој го искористи Тотре, а по шутот на Љупче Дориев…

Во продолжението следеа уште два гола на Бесарт Ибраими кои значеа заслужена победа на Шкендија пред заминувањето за Романија на натпреварот од 2. квалификациско коло во Лигата на Европа против Ботошани.

Се вчитува...