ВИДЕО: Брука – Со тепачка, предвреме завршен „пријателскиот“ натпревар на Шкупи со руски Факел!

Пријателскиот натпревар на Шкупи во Анталија со рускиот второлигаш Факел предвреме беше завршен откако во 89. минута од средбата настана физичка пресметка меѓу фудбалерите на двата тима.

Инцидентот се случи, откако по еден сосема безболен старт на фудбалерот на Шкупи, противничките фудбалери на Факел неспортски реагираа во обид и за физичка пресметка. Настана мешаница, па откако ситуацијата не се смируваше судијата предвреме отсвири крај на натпреварот.

Инаку, на крај, Факел победи на дуелот со 1-0 со голот на Разборов во 63. минута од средбата.

Се вчитува...