ВИДЕО: Десниќ и Кофи Досех – два убави гола за три бода на Скопје!

Скопје под водство на Љупчо Марковски игра извонредно во пролетниот дел од шампионатот на домашната прволигашка сцена. Сето тоа фудбалерите од Автокоманда го докажаа и денеска во Гостивар каде славеа со 0-2 против фаворизираниот Шкупи.

Два убави погодоци беа сервирани за љубителите на фудбалот од Гостивар. Најпрво Десниќ мајсторски искористи една грешка во одбраната на противникот за гол уште во 9. минута, а Кофи Досех одлично шутираше од околу 15 метри откосо во 54. минута за 0-2…

Се вчитува...