ВИДЕО: Џани Алиоски знае како се погодува во Гибралтар, Македонија досега има гол разлика од 6-0 против утрешниот противник

Македонија во својата историја има само два одиграни натпревари со селекцијата на Гибралтар, и двата во рамките на првата сезона од Лигата на нации преку која и македонската репрезентација обезбеди пласман на ЕВРО 2020.

Утрешниот натпревар во Гибралтар ќе биде третиот меѓусебен дуел. Македонија од претходните два има две победи со вкупна гол разлика од 6-0.

На единствениот натпревар одигран на гостински терен македонската селекција во септември 2018 година славеше со 0-2 со погодоците на Иван Тричковски и Езгијан Алиоски.

Алиоски се очекува и утре да биде во стартниот тим на Благоја Милевски на теренот на кој пред четири години постигна ефектен погодок.

Дуелот во Скопје, пак, во ноември 2018 година заврши со победа од 4-0. Два гола постигна Несторовски, а по еден Барди и Александар Трајковски.

Се вчитува...