ВИДЕО: Димитар Бошнаков, 14-годишниот носител на пет национални рекорди, со крајно мотивирачка приказна која го води до ЛОИ

Младиот македонски пливач Димитар Бошнаков е една од најголемите македонски спортски надежи олимписки кандидат за ЛОИ 2024.

Димитар кој плива од својата трета година ја раскажува својата инспиративна приказна која изобилува со успеси во пливањето. Носителот на пет национални рекорди зборува за својата посветеност кон пливањето и жртвите кои секојдневно ги прави за да ги постигне своите цели, учество на Летни олимписки игри (ЛОИ).

За тоа како е да се работи со Димитар исклучително пофални зборови и од неговиот тренер. Неговата мајка, пак, одвојува време да раскаже каква е улогата и поддршката на семејството кога станува збор за млад ентузијаст и професионален спортист.

Талентираниот Димитар Бошнаков е поддржан во кампањата за општествена одговорност „Вложуваме во млади таленти“ која ја имплементира Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.

Се вчитува...