ВИДЕО: Дориев е спасителот на Шкендија – Перфектен деби-гол во црвено-црниот дрес

Македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев е спасителот на Шкендија во Чаир на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Шкендија ремизираше (2-2) на гостувањето против Шкупи благодарение само на евро-погодокот и асистенцијата на Дориев во вториот дел откако по првото полувреме црвено-црните имаа негатива од 2-0.

Дарбо Дембо со два убави погодоци во 6. и во 44. минута донесе предност за Шкупи по првиот дел од 2-0…


Во второто полувреме, во 60. минута најпрво Дориев, на асистенција на Алими, го постигна својот деби-гол во дресот на Шкендија и тоа на перфектен начин со полуволеј од 18 метри…

А, потоа во 66. минута Дориев одлично му асистираше на Ахмеди за конечни 2-2…

Се вчитува...