ВИДЕО: Доријан Бабунски со луциден гол за Дебрецин

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски го постигна четвртиот свој гол сезонава во унгарскиот шампионат во дресот на Дебрецин.

Во 9. коло од првенството на Унгарија, Дебрецин има убедливи 3-0 против Хонвед по првите 45 минути игра.

Доријан Бабунски го отвори резултатот во 15. минута со луциден гол од непосредна близина, погодувајќи позициониран на првиот дирек а стрелајќи на вториот дирек од голот на противникот.

Се вчитува...