ВИДЕО: Елези стрелец за Вараждин против Динамо Загреб

Македонскиот младински репрезентативец Агон Елези беше стрелец за Вараждин на дуелот против хрватскиот шампион Динамо Загреб во ремито од 2-2.

Елези одлично се снајде пред противничкиот гол во 35. минута, стрелајќи против тимот на Аријан Адеми и Стефан Ристовски, кои настапија во дресот на „модрите“.

За Елези ова е прв гол во дресот на Вараждин по трансферот од албански Скендербег.

Се вчитува...