ВИДЕО: Евро-гол на Андонова, но Македонија со два гола во судиското продолжение поразена од Албанија

Македонската женска сениорска репрезентација загуби со 3-1 на пријателскиот натпревар со Албанија кој се одигра во Елбасан.

Националниот тим доживеа пораз со два гола на домаќинките постигнати во судиското продолжение, откако се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник.

А, Македонија поведе уште во 4. минута со извонредниот евро-гол на капитенката Наташа Андонова со шут од 20 метри…

Албанките израмнија пред финишот на полувремето, а потоа со два гола, во 91. и во 94. минута дојдоа до конечната победа од 3-1.

Македонија за време на априлскиот собир ќе одигра уште еден контролен дуел, на 10. април (понеделник) против Црна Гора во Подгорица.

Се вчитува...