ВИДЕО: Евро-голот на Ристов во Струмица го одбележа стартот на новата сезона

Силекс повеќе од убедливо со 0-6 славеше на гостувањето против Беласица на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

А, мечот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица го одбележа евро-голот на Денис Ристов директно од слободен удар во 84. минута за 0-4 во тие моменти…

Кратовци сите шест гола ги постигнаа во второто полувреме. Почна Ивановски во 47. минута, а потоа следеа головите на засилувањето од Брегалница, Пепи Ѓорѓиев, и по два гола запишаа Денир Ристов и Стефан Ѓуриќ.

Се вчитува...