Интер Мајами ја запиша првата победа на Светското клупско првенство во САД, триумфирајќи со 2-1 против Порто во 2. коло од Групата А.
Двете екипи ремизираа без голови на стартот од првенството, Интер Мајами со египетски Ал Ахли, додека Порто со бразилскиот Палмеирас, за да сега американскиот тим предводен од Лионел Меси дојде и до првата победа, и тоа со пресврт.
Порто поведе со голот на Саму од пенал уште во 8. минута од средбата.
Но, пресвртот се случи низ првите девет минути од второт дел. Најпрво венецуелскиот репрезентативец Теласко израмни на 1-1 во 47. минута, а потоа следеше мајсторијата на Лионел Меси директно од слободен удар во 54. минута.
Меси постигна феноменален гол директно од слободен удар кој се покажа сосема доволен за конечна победа.
53′ ARE YOU NOT ENTERTAINED? 🐐
Messi scores a GORGEOUS free kick goal and @InterMiami are now leading 2-1 versus @FCPorto!
Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #MIAFCP pic.twitter.com/KvshKKFrrY
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 19, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА