Видео: Фешта во соблекувалната, кадетите ја слават големата победа

Кошаркарите до 16 години ја враќаат вербата во иднината на овој спорт, откако со третата победа во низа направија чекор напред кон четвртфиналето на Европското Првенство – Б дивизија што се одржува во Сараево.

Во период на очајни резултати во младите категории, оваа генерација на играчи покажува и квалитет и карактер, најавувајќи подобри денови за мак-баскетот. И овие момчиња се свесни за тоа, па затоа беше и огромно славјето во соблекувалната по денешниот триумф над Данска, што широко им ја отвора вратата кон четвртфиналето од овој шампионат.

 

Се вчитува...