ВИДЕО: Голеадата на Скопје…. „потопот“ на Пелистер!

Скопје стигна до убедлива победа од 4-0 против Пелистер во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Со овој триумф остануваат надежите за скопјани за опстанок во прволигашката конкуренција, иако јасно е дека тешко ќе биде да се стигне прилепска Победа која има четири бода предност.

Скопје денешниот триумф го најави уште во 2. минута со голот од пенал на Ѓоко Алексовски…

Во 32. минута Кофи Досех зголеми на 2-0…

А, во 42. минута Моунпаин заокружи на 3-0 во првото полувреме….

Во вториот дел, во 69. минута, „потопот“ на Пелистер беше заокружен со автоголот на Гоце Тодоровски…

Се вчитува...