ВИДЕО: Головите на Георгиев, Алтипармаковски, Додев во убедливата победа на Брегалница – Кој од кој поубав!

Брегалница со четири мајсторски погодоци, кој од кој поубав, славеше убедлива победа од 4-0 против украинскиот премиерлигаш Металист 1925 на контролниот натпревар во Анталија.

Прв серијата на прекрасни голови ја почна Бобан Георгиев во 32. минута со вистински евро-гол…

Во второто полувреме Алтипармаковски во 56. минута зголеми на 2-0 со уште еден извонреден шут од далечина, за да на 3-0 зголеми со мајсторски лоб-удар и Дарко Додев во 71. минута. Со уште еден одличен шут под греда на 4-0 заокружи Алтипармаковски во 88. минута…

Се вчитува...