Видео: Ја видовте ли новата „магија“ на Теодосиќ?

Милош Теодосиќ повторно импресионира со своите кошаркарски волшебства, овојпат со извонреден потег на дуелот со Тренто. Српскиот плејмејкер му го продаде својот стар трик на кошаркарот на Тренто, вртејќи ја топката околу неговиот грб додека тој се обидуваше да го запре Теодосиќ.

Следеше асистенција надвор од рекетот и прецизен удар од три поени, за заокружување на овој маестрален потег на плејмејкерот на Виртус Болоња.

Се вчитува...