ВИДЕО: Јубилеј – 30 години од „симултанката“ на Дражен Петровиќ против Снајдеро

Денешниот ден, 14 март, останува да биде дел од историјата на европската кошарка. Повод – неверојатниот натпревар што пред точно 30 години неповторливиот Дражен Петровиќ го одигра во дресот на Реал Мадрид во финалето од Купот на Победниците на Куповите против италијанскиот претставник Снајдеро Касерта. Хрватот постигна дури 62 поени и самиот им го донесе трофејот на „кралевите“, оставајќи го на спротивната страна со празни раце Оскар Шмид, кој го заврши финалето со 44 поени.

Погледнете го видеото од оваа неповторлива партија на генијалецот на кошаркарската игра…

Дражен Петровиќ настапуваше за Реал Мадрид во сезоната 1988/89, пред да се пресели во НБА-лигата и да го облече дресот на Портланд. Покрај трофејот во Купот на Победниците на Куповите тој со Реал стигна и до пехарот во Копа дел реј.

 

Се вчитува...