ВИДЕО: Киксот на Наумовски…, подарен погодок за Цветановски и триумф на Вардар

Вардар сосема заслужено дојде до триумф од 1-0 против Шкупи во 5. коло од ПМФЛ, и покрај тоа што трите бода се освоени со подарен погодок од страна на голманот на гостите Кристијан Наумовски.

Во 52. минута од мечот Наумовски киксираше по ударот на Матеј Цветановски, што на крајот се покажа доволно за триумф на Вардар…

Во последните минути од натпреварот, сепак Наумовски и одлично интервенираше при три супер-шанси на домашните спречувајќи и поубедлив пораз.

Се вчитува...