ВИДЕО: Контри како од учебник за стружани, Јахја расположен за голови и асистенции

Струга ТЛ сосема заслужено дојде до победа од 1-3 на гостувањето против Работнички во Скопје во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, на тој начин запирајќи ја серијата од три едноподруго порази.

Стружани уште во првото полувреме најавија дека се дојде по победа со погодокот на Абдулхади Јахја во 13. минута за водство од 0-1, по мајсторски изведен контранапад како од учебник.

Во вториот дел Буњамин Шабани од пенал во 49. минута зголеми на 0-2, а откако Момчило Рашо во 61. минута намали на 1-2, конечните 1-3 ги постави Па Омар Јобе со погодокот во 81. минута, а на асистенција на Абдулхади Јахја.

Се вчитува...