ВИДЕО: Мајсторија на Андонова против Еспањол

Македонската репрезентативка Наташа Андонова постигна прекрасен погодок за Леванте во ремито (1-1) против Еспањол на натпреварот од 29. коло во шпанскиот шампионат.

За Андонова ова е петти гол сезонава, откако претходно стрелаше и на натпреварите против Севилја, Ла Коруња, Атлетик и Логроњо.

Еспањол сепак успеа да дојде до бод на дуелот со голот во 82. минута.

Леванте во моментов се наоѓа на втората позиција со 62 бодови, далеку зад поранешниот клуб на Андонова, Барселона која има 78 бода.

Се вчитува...