Видео на денот: Пандев и Буфон, заедно имаат 80 години, а се уште се топ-фудбалери

Горан Пандев со своите 37 години тешко може да најде играч со толкаво искуство во Калчо-лигата. Затоа денешниот дуел со Јувентус беше одлична можност за краток муабет со Џанлуиџи Буфон, легендата на светскиот фудбал која и на 43-годишна возраст се уште не ја завршува кариерата.

Двајцата големи асови имаа што да си кажат во позитивно расположение, а коментаторите се пошегуваа дека главна тема на муабет им е кој прв ќе се пензионира.

Пандев веќе објави дека летово по ЕВРО 2020 ќе ги закачи копачките на клин, додека Буфон инсистира да брани уште една сезона, во Јувентус или во некој друг италијански клуб.

Се вчитува...