Четвртиот ден од Отвореното првенство на САД ни го донесе еден од најспектакуларните моменти на овој турнир, не само оваа година, туку и воопшто во историјата.
Флавио Коболи го победи Тристан Шулкајт со 3-6, 6-3, 6-4, 7-5, а еден од потезите на Италијанецот стана вирален веднаш откако го одигра.
Шестиот играч во светот, во четвртиот гем од третиот сет, кога направи пресврт и го „скрши“ својот ривал, освои поен за кој се зборува со причина.
¡FLAVIO COBOLLI ACABA DE GANAR EL MEJOR PUNTO DEL US OPEN!
¡QUÉ ABSOLUTA LOCURA!
🤯🤯🤯🤯🤯 pic.twitter.com/wZzVXatFyA
— Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) September 3, 2026
Публиката скокна на нозе и аплаудираше за оваа мајсторија. Се покажа дека со овој потег го „скрши“ духот на својот ривал, бидејќи малку подоцна успеа да обезбеди пласман во третото коло.
Таму, за свој ривал ќе го има 28-от носител, Белгиецот Александар Блокс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
