ВИДЕО: Нервозниот Гатузо скрши мобилен на новинар кој го снимаше

Јувентус со голот на Кристијано Роналдо славеше против Милан во италијанскиот Суперкуп.

Тренерот на „миланезите“, Џенаро Гатузо не беше расположен по поразот, па по враќањето во Италија од Саудиска Арабија каде се играше Суперкупот, делуваше навистина нервозно.

Присуството на новинарите на миланскиот аеродром дополнително го изнервира, па во афект му го оттурна мобилниот на еден новинар од раката. Мобилниот се скршил, а испровоцираниот Гатузо ладнокрвно си продолжи кон автобусот…

 

Се вчитува...