ВИДЕО: Неверојатно промашување на Величковиќ за водство на Вардар…, па поништен гол на Дембо

Вардар и Шкупи играат без голови по првото полувреме во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига на националната арена „Тодор Проески“.

Сепак, и двете екипи имаа шанси за погодок… Вардар прв можеше да дојде до предност, но младиот Мартин Радуловиќ-Величковиќ во 27. минута успеа да промаши нешто што не се промашува. Од само еден метар успеа да го погоди дирекот од голот на Шкупи.

Во продолжението Дарбо Дембо постигна ефектен гол на спротивната страна, но оправдано поништен поради офсајд-позиција.

Се вчитува...