ВИДЕО: Невидени сцени во Лион, невини навивачи спасуваа жива глава…

Невиден хаос настана на олимпискиот стадион во Лион, во пресрет на чевртфиналната пресметка од Лигата на Европа меѓу Лион и Бешикташ, по жестоките судири на трибините меѓу навивачите на двата тима.

navivaci lion

Физичките пресметки како „лавина“ се ширеа на сите трибини на стадионот во Лион откако најпрво домашните навивачи се одлучија да се пресметаат напаѓајќи ги гостинските. Сето тоа потоа зафати и бројни невини навивачи на споредните трибини кои мораа жива глава да спасуваат префрлајќи се на теренот и криејќи се и во соблекувалните на двата тима…

Се уште нема информација дали натпреварот ќе стартува вечерва откако ситуацијата ќе биде доведена под контрола, или дуелот ќе биде одложен за утре. 

Се вчитува...