ВИДЕО: Нов гол на Ибраими за Кукс, најдобар стрелец во албанскиот шампионат

Македонскиот интернационалец Агим Ибраими се издвоју на врвот на листата на најдобрите стрелци во албанската Суперлига со најновиот погодок во дресот на Кукс.

Во 24. коло од шампионатот, Кукс по првото полувреме има предност од 1-0 против Аполонија Фиер, благодарение на голот од пенал на Ибраими во 45. минута.

Ова е 11-ти погодок за Ибраими сезонава во Албанија со што се издвои осамен на чело на листата на најдобрите стрелци.

Се вчитува...