ВИДЕО: Погледнете ја пенал серијата и огромното славје на „пелистерци“ пo голот на Илијоски!

Пелистер го освои 25-от Куп на Македонија, откако во финалето во Струмица по изведувањето на пеналите со 4-3 славеше против Шкендија.

Алими го погоди првиот пенал за Шкендија, но израмни Филип Петров (1-1). Бесарт Ибраими го промаши целиот гол, а Гоце Тодоровски го доведе Пелистер во водство (1-2).

Марјан Радески беше прецизен во третата серија за Шкендија, а Лукас Фереира не погоди за Пелистер (2-2).

Илче Петровски го одбрани ударот на Бесарт Абдурахими, а Мартин Ковачев реализираше важен пенал за водство на Пелистер (2-3).

Ферхан Хасани израмни, но Баже Илијоски го донесе триумфот за Пелистер и пехарот од Купот на Македонија. А, потоа и големо славје за „Чкембарите“…

Се вчитува...