ВИДЕО: Првенец за Спировски во националниот дрес, Македонија води на полувреме

Македонската репрезентација води со 1-0 на полувремето од пријателскиот натпревар со Белорусија на „Телеком арената“ во Скопје.

Подобрата игра во првиот дел македонските репрезентативци ја крунисаа со голот на Стефан Спировски, прв за него во националниот дрес. Спировски во 40. минута со шут од околу 18 метри ја затресе мрежата на Белорусите…

Претходно, во 31. минута Илија Несторовски ја погоди само гредата од голот на противникот.

Македонија имаше шанси и преку Мојсов, Алиоски и Трајковски, но не успеавме да ги реализираме.

Се вчитува...