ВИДЕО: Се појави снимка со хаос на навивачи на Ливерпул, финалето одложено за 21:30 часот

Финалето во Париз меѓу Ливерпул и Реал Мадрид е закажан за 21:30 часот, односно пролонгиран за 30 минути. Причината е хаосот со навивачите на Ливерпул. Според информациите од Франција, голем дел од фановите се обиделе и успеале без билети да влезат на стадионот, па ќе мора да помине време за да се расчисти тоа.

Во меѓувреме се појави снимка која го покажува хаотичното однесување на фановите на „црвените“. Инаку повеќе од 70.000 навивачи на Ливерпул дојдоа во Париз, но место има само за околу 30 илјади.

Фудбалерите на двата тима излегоа на теренот повторно на загревање.

Се вчитува...