ВИДЕО: Шаркоски донесе бод за Работнички, ’убавец’ за Академија Пандев постигна Атанаскоски

Работнички и Академија Пандев ремизираа (1-1) на комплексот на ФФМ во рамките на 25.коло од Првата фудбалска лига. Први поведоа „пандевци“ со убавиот погодок на младиот Атанаскоски, кој постигна гол од 25 метри, а израмни Николче Шаркоски во 69.минута, откако беше најснаодлив во шеснаесетникот на гостите. Работнички ќе жали и за нереализираниот пенал на Виктор Ангелов во 64.минута. Тој шутираше високо над голот од белата точка.

Се вчитува...