ВИДЕО: Смешен кикс на Јовановски, подарок гол за Трапановски

Шкупи има предност од 2-0 против Академија Пандев по првите 45 минути од последното коло во Првата лига.

Чаирчани се во очекување на шампионската прослава, па победата над „пандевци“ ќе им биде добредојдена за славјето пред своите навивачи. А, отпорот на гостите на Чаир го скршија со двата гола на Трапановски во самиот финиш од првиот дел.

Вториот, во првата минута од судиското продолжение беше подарок погодок по смешниот кикс на голманот на гостите, Марко Јовановски.

Се вчитува...