ВИДЕО: Судиите му прогледаа низ прсти на Фјури – Неспортски потег за кој се губи борба!

Светскиот шампион во бокс во ВБА верзијата, Тајсон Фјури победи во спектаклот во Саудиска Арабија против големата ММА ѕвезда, Францис Нгану со поделена одлука на судиите (95-94, 96-93, 94-95).

Фјури и Нгану приредија вистински спектакуларна борба која на крајот по 10 рунди со одлука на судиите ја доби „Кралот на циганите“. Но, боксерскиот свет мисли дека тоа е незаслужена победа за Фјури.

Нгану кој одлично боксуваше во третата рунда дури и го испрати ВБЦ шампионот на подот. Успеа Фјури да стане па до крајот само со судиска одлука на поени тесно да дојде до победа, но видливо беше дека не му е сеедно што се најде во нокдаун.

Откако виде дека нема шега, Фјури во еден момент почна да употребува и некоректни потези… Крајно неспортски потег во седмата рунда кога со лакт го удри Камерунецот. Но, судиите замижаа на сето тоа, па Фјури остана неказнет… Сето тоа и пред очите на Кристијано Роналдо.

Се вчитува...