Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски на најдобар можен начин се врати во составот на Мезковешд во унгарскиот шампионат.
Откако се одлучи на продолжување на соработката со Унгарците, Бабунски денеска беше најзаслужен за победата на Мезоковешд од 1-0 против Академија Пушкаш во 17. коло од унгарскиот шампионат.
Откако влезе во игра во 74. минута од средбата, македонскиот фудбалер извонредно асистираше за Дражиќ во 80. минута на кого не му беше тешко од непосредна близина да погоди по изработената гол-шанса од Бабунски.
И самиот Бабунски во финишот од натпреварот по извонредна соло-акција имаше можност и да се запише во листата на стрелците, но ударот од 12 метри откосо го одбрани противничкиот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА