ВИДЕО: Супер-Ферхан со мајсторски потег, изнуден пенал и гол, се врати во дресот на Шкендија

Ферхан Хасани на најдобар можен начин, со мајсторија, изнуден пенал и гол се врати во дресот на Шкендија.

Македонскиот репрезентативец во игра влезе во 65. минута на денешната средба против Струга ТЛ во Тетово, за да во самиот финиш на најдобар можен начин ги демонстрира сите свои фудбалски вештини.

Со мајсторски потег по примена топка и брз контранапад изнуди пенал за тетовци кој на крај самиот го реализираше за конечна победа на Шкендија од 3-1 против стружани на стартот од пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...