ВИДЕО: Тричковски продолжува со одличната гол-форма – Два гола за победа над Анортозис

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува со одличните игри во кипарскиот шампионат.

Тричковски со два гола денеска донесе победа за АЕК Ларнака на гостувањето против Анортозис од 0-2. Двата погодоци беа во второто полувреме, во кое од 46. минута во игра влезе и Стефан Спировски.

АЕК Ларнака е на 5. место во плејофот за титулата и местата во Европа.


Се вчитува...