ВИДЕО: Вардар од повторен пенал до израмнување со Шкендија

Вардар дојде до израмнување (1-1) со голот од пенал на Закариќ во 67. минута од средбата, по повторен пенал кој претходно беше одбранет од страна на гостинскиот голман.

Вардар доби сосема оправдан пенал по играта со рака на Трумчи во шеснаесетникот на гостите.

Закариќ го изведе првиот пенал, но откако одбрани голманот на Шкендија, пеналот, иако се чини регуларно одбранет, судијата Игор Стојчевски донесе одлука дека треба да се повтори поради излетување од линијата на гостинскиот голман.

Повторениот пенал успешно го реализираше Закариќ…

Се вчитува...