ВИДЕО: Велковски носи драма во Тетово – Вардар води со 0-1….

Ќе има, сепак, понеизвесни последни 30 минути на реванш пресметката од полуфиналето меѓу Шкендија и Вардар во Тетово, откако „вардарци“ поведоа во 60. минута со голот на репрезентативецот Дарко Велковски кој одлично реагираше со глава по центаршутот на Фелипе…

Од првиот натпревар, како што е познато, Шкендија има предност од 3-1. Што значи, на Вардар му се неопходни уште два погодоци доколку сака пласман во финалето од Купот на Македонија.

Се вчитува...