ВИДЕО: Вистинско ремек-дело на Ашковски за Ботошани

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски постигна вистински еврогол за Ботошани на гостувањето против Волунтари во 30. коло од шампионатот на Романија.

Ашковски во игра влезе во 10. минута од средбата како замена за повреден соиграч, и веќе во 20. минута запиша вистинско ремек-дело за водство на својот тим од 0-1.

Домашните успеаја да израмнат преку Дропа во 52. минута за конечни 1-1. Кај Волунтари на почетокот од второто полувреме во игра влезе и Виктор Ангелов.

Видео: digisport.ro

Се вчитува...