ВИДЕО: Во Штип мора да има смешен голмански кикс – Само што, сега гостите „плачеа“!

Некако во Штип оваа пролет на секој натпревар како да мора да има голмански кикс со подарен погодок за противничкиот тим.

Така беше и денеска во убедливиот триумф на Брегалница од 3-0 против Борец во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Но, ако на претходните два натпревари голманот на штипјани, Давид Денковски им подаруваше голови на противниците, на натпреварот против Ренова и Пелистер, сега смешна „интервенција“ имаше голманот на Борец, Марко Алчевски кој на 25 метри остави една топка кој ефектно погоди за конечни 3-0 за својот тим.

Се вчитува...