ВИДЕО: Враќањето на „пандевци“ – од 0-2 до 2-2 против Шкендија!

По четири едноподруго победи во првенството, Шкендија мораше да се задоволи со реми на гостувањето против Академија Пандев во Турново во 30. коло од ПМФЛ.

Тетовци имаа предност по првите 45 минути со 0-2 со головите на Жуниор и Ибраими.

Но, „пандевци“ успеаја да извлечат бод со два гола во вториот дел. Најпрво Балдовалиев погоди од непосредна близина во 53. минута, а потоа и Јани Атанасов во 64. минута прецизно стрелаше од пенал за конечни 2-2.

Се вчитува...