Видовте ли што промаши Шешко во 95. минута?

Бенјамин Шешко е најавуван како лидер на нападот на Манчестер јунајтед, впрочем „црвените ѓаволи“ платија богатство за да го доведат пред носот на Њукасл, но Словенецот барем засега се покажува како огромно промашување.

Впрочем, доказ за тоа е синоќешниот настап во лига-купот против Гримзби на кој Шешко го одигра целиот меч од лига-купот и беше меѓу најслабите поединци на теренот.

А дното го допре во 95. минута кога имаше идеална можност да биде херој и да го постигне победничкиот гол, но се сплетка крај Де Лихт и од 3-4 метри стрелаше над голот. Казната стигна во пенал-рулетот во кој Гримзби на крајот се радуваше на победата, а Шешко и соиграчите со наведнати глави го напуштија теренот, по поразот од четвртфолигашот.

Се вчитува...