ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ- Поклон до земја на „Драгао“ за фудбалерите кои испишаа историја (ВИДЕО)

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Португалија во финалето од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар.

Иако поразени, овие момци се нашите херои бидејќи ја испишаа најубавата приказна во историјата на нашиот фудбал и не доведоа до 90 минути од Светско првенство.

По крајот на натпреварот момците на Боби Милевски беа поздравени со аплаузи од нашите навивачите кои допатуваа во Порто за овој историски натпревар.

 

 

 

Се вчитува...