Виктор Ангелов е нов фудбалер на Академија Пандев (ФОТО)

Виктор Ангелов е замената за Мартин Мирчевски во нападот на Академија Пандев, потврди стумичкиот прволигаш. Ангелов во македонското првенство доаѓа од екипата на Волунтари од Романија и се очекува да биде големо засилување за вториот дел од сезоната.

Членот на златна генерација до 21 година која што во 2017 година се пласираше на Европското првенство во Полска претходно на „домашно тло“ го носеше и дресот на Работнички, Теткс Металург и Шкупи, а во интернационалата кариера ги бранеше боите и на Ујпешт и Широки Брег.

Се вчитува...