Виктор Давидовски се враќа на ТЦР трките

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски од ПСС Рејсинг се враќа на патеките во ТЦР конкуренцијата. Тој досега беше спречен да настапува поради тековната ситуација со коронавирусот во Македонија. Токму поради ова ги пропушти изминатите трки во Франција и во Белгија.

Тимот на ПСС Рејсинг е веќе во Италија и ќе биде дел од трките кои ќе се одржат овој викенд (25-27.септември) во Монца.

Се вчитува...