Виктор Ташовски е нов кошаркар на Дубровник

По одличната сезона во домашниот шампионат, најдобриот играч на ТФТ и стандарден репрезентативец, Виктор Ташовски, за првпат во својата кариера ќе заигра во странство. Дваесет и четиригодишникот ја прифати понудата на хрватскиот Дубровник.

Ташовски зад себе остава извонредна сезона во ТФТ, во која на 31 одигран натпревар бележеше просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки. Неговата одлична форма се пренесе и во македонскиот национален тим, каде што на почетокот од јули беше најефикасен со 16 поени на натпреварот против Луксембург.

Од друга страна, неговиот нов клуб Дубровник минатата сезона ја заврши на петтата позиција во регуларниот дел од првенството на Хрватска, а во четвртфиналето беше елиминиран од Задар.

Тимот на ТФТ летово остана без двајца клучни играчи, откако претходно Дерин Говенс се пресели во редовите на Работнички.

Се вчитува...