Виландер се предомисли – Кирјос е пример за сите и е во право што го нападна Ѓоковиќ

Познато е дека легендарниот шведски тенисер Матс Виландер сака да зборува за првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ. Само четири дена по неговата изјава во која застана во одбрана на Новак и организацијата на „Адриа тур“, сега тој тотално го смени својот став.

„Дури и ако луѓето не веруваат, Кирјос секогаш бил за пример. Секогаш промовира забавен стил на живот и за тоа јас не го обвинувам. Последните седмици кажа неколку работи за кои мислам дека е тотално во право, а беа поврзани со Тим, Зверев и останатите тенисери на „Адриа тур““, изјави Виландер. 

За потсетување позитивни на „Адриа тур“ покрај Новак Ѓоковиќ беа и Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки.

Се вчитува...