Вилјареал ќе игра како домаќин во Валенсија до крајот на годината

Поради реновирање на својот стадион „Де ла Керамика“, шпанскиот тим Вилјареал до декември ќе ги игра натпреварите во Валенсија, на стадионот на Леванте.

„Жолтата подморница“ веќе побарала од шпанската федерација да игра повеќе натпревари како гостин во првиот дел од сезоната, се со цел да го заврши реновирањето кое е во тек, и кое се очекува да заврши до крајот на годината.

Ќе нема проширување на трибините, но се очекува целиот стадион да добие кровна конструкција, а ќе бидат реновирани и внатрешните делови на стадионот, соблекувалните, ВИП ложите, а стадионот ќе добие и нов ресторани, кафулиња.

На стадионот на Леванте, Вилјареал ќе го пречека и Хајдук во плеј-офот во Лигата на конференции, а исто така и останатите европски натпревари доколку избори место во групите.

Се вчитува...