Вилјареал се збогува со Санти Казорла и со Бруно Соријано

Вилјареал на најдобар можен начин се збогува со двајцата ветерани, Санти Казорла и Бруно Соријано, кои од следната сезона нема да го носат дресот на „жолтата подморница“. Со триумф од 4-0 против Еибар, соиграчите им кажаа збогум, добија и шпалир пред почетокот на мечот, а потоа се најдоа и на рацете на клупските колеги.

Казорла, кој е пример за човек кој се бори во животот, надмина голем број операции и се врати на теренот, уште како фудбалер на Арсенал, оваа сезона беше одличен во дресот на Вилјареал. Постигна 15 гола и забележа девет асистенции покажувајќи магија на натпреварите.

Се вчитува...