Осасуна уште повеќе се оддалечи од опасната зона во Ла Лига откако попладнево изненадувачки забележа триумф на гостувањето против Вилјареал од 1-2.
„Жолтата подморница“ влезе во мечот како голем фаворит, но тренерот Емери реши да одмори дел од првотимците за реваншот од ЛЕ против Динамо Загреб и скапо плати поради тоа. Вилјареал не искористи неколку убави шанси да го отвори резултатот во првото полувреме, по што казната стигна во вториот дел.
Гостите од Баскија поведоа Монкајола, а Вилјареал успеа да израмни со автоголот на Гарсија. Сепак, Осасуна на крајот стигна до победата благодарение на прецизниот удар со глава на Хрватот Будимир, кој скокна највисоко по корнерот од левата страна и го матираше голманот на „жолтата подморница“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА